Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 402 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 49, 47 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, за управување под дејство на алкохол 5 санкции, 33 санкционирани пешаци, 70 мерки за непрописно паркирани возила и 29 санкции за неносење заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.