Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 411 санкции, меѓу кои 83 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, 43 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 45 за возење без возачка дозвола, 69 казни за непрописно паркирање и 61 возило подигнато со „пајак“, а 32 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.