Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 513 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 35 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 148 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 39, 82 санкционирани мотоциклисти и четири одземени мотори, 75 мерки за непрописно паркирани возила и 72 возила подигнати со пајак (вкупно 147), а изречени се и 104 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.
Од Министерството апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.