Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 515 мерки, меѓу кои 42 за возење без возачка дозвола, 37 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 113 санкции за непрописно паркирани возила, 8 за управување под дејство на алкохол, 71 возило подигнати со „пајак“ и 36 санкции за неносење заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, истакнуваат од МВР.