Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 178 мерки, од кои 8 за возење без возачка дозвола, 39 за управување со брзина поголема од дозволената, 3 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 11 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 5 мерки за користење на мобилен телефон, 2 за некористење на сигурносен појас,2 мерки што ги чинат пешаците и 68 санкции за непрописно паркирање. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.