Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 380 мерки, меѓу кои 59 за возење без возачка дозвола, 39 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 86 мерки за непрописно паркирани возила и 31 казна за неносење заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопштуваат од МВР.