четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кекеновски поднесе Иницијатива за оценување на уставноста на Законот за јазици до Уставен суд

Кекеновски поднесе Иницијатива за оценување на уставноста на Законот за јазици до Уставен суд

Универзитетскиот професор Јове Кекеновски денеска до Уставниот суд  поднесе Иницијатива за оценување на уставноста на Законот за јазиците кој беше објавен во Службен весник во понеделникот на 14 јануари 2019 година со потпис на собранискиот спикер Талат Џафери.

-Една година откако е донесен Законот за јазици поттикнува лавина реакции и на опозицијата и на експертската јавност кои сметаат дека овој закон за двојазичност е противуставен и неприменлив и ќе создаде дополнителни поделби во македонското општество по сите основи, вели тој.

Според него при носењето на законот, биле прекршени деловничките процедури и дека претседателот Ѓорге Иванов со право не го потпиша указот за стапување во сила на Законот за јазици во јануари лани кога беше донесен, а ниту во март кога повторно беше вратен и изгласан во Собранието.

Со Законот за јазици покрај македонскиот јазик во институциите службен јазик станува и албанскиот јазик, а ќе се применува во сите постапки на граѓаните пред  органите што ја сочинуваат државната власт. Судовите, јавните обвинителства и сите други органи, тела и институции ќе треба да обезбедат користење, употреба и примена на кој било од службените јазици и нивните писма во своите постапки. Потоа, сите закони и акти донесени од Собранието како и владините одлуки ќе бидат објавувани на македонски и на албански јазик.

Најнови вести