Во Кичево во моментов има повеќе од 15 диви депонии кои од ден на ден се повеќе растат и се натрупуваат.
Од депониите се шири лоша миризба, а тие се и голем извор на зарази.
Додека локалната власт во Кичево целосно дигна раце од градот, револтираните преку пароли оставени покрај депониите и порача на власта: „Гнасен ви е патот до ЕУ и НАТО“.
Депониите инаку се наоѓаа во близина на населени места, често покрај нив поминуваат и деца кои можат лесно да се заразат и да дојдат во контакт со различни отпадоци.