Иронично е кога го гледаме Петре Шилегов како со 4 -5 партиски војничиња излегува на прес и наводно ги посетува парковите за миленици и истиот со нив разговара на оваа тема кога дел од парковите за миленици во Градот од нивното поставување до ден денес не се реконстуирани и на нив не е закована ни една шајка, истите се со дотраeни реквизити искршени реквизити, оградите се скинати и истите паркови не се функционални, вели Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ.
-Иронично е Петре Шилегов да разговара и да се праи љубител на бездомните кучиња кога и самиот тој пред извесно време купи расно куче од расата БИШОН ФРИЗЕ кое чини повеке од 700 евра.
Иронично е Петре Шилегов да се фали јавното претпријатие Лајка во кое со докази се обелоденија партиските вработувања без конкурс и тоа со име и презиме, се обелоденија изјавите на мобинг кој е дозволен лично од него и од самиот почеток сите активисти и љубители на животни ги понижи и направи програма за работа без нивно мислење и на истите им забрани влез во претпријатието , иронијата да биде поголема тој без никаков срам и морал не треба да се фали со Лајка за кое од самото отворање го тресат низа скандали за криминално работење и корупција.
Г-дине Шилегов, Скопје ниту е една поубава приказна со вас ниту е Градот Убав како што умеете да се фалите на социјалните мрежи, Лајка ви служи единствено за перење пари , скап маркетинг , партиски вработува и манипулација со активистите , здруженијата и љубителите на кучиња.
Г-дине Шилегов, Скопје неможе да биде уште една поубава прикаска со вас, животните во градот не се само кучињата, секој ден гледаме паднати изнемоштени коњи по улиците, малтретирани коњи со кочии кој често предизвикуваат собраќајни несреки со големи последици, како и стресни слики.
Секој ден гледаме кучиња на улиците, бројката од отворање на Лајка до ден денес се зголемува а не намалува, глутница кучиња се по улиците кој вие ги вракате од Лајка на улица а граганите на Скопје се под закана да бидат нападнати или пак да имаат незгоди во собракајот.
Г-дине Шилегов , вашите денови се одбројани а после првиот ден од новото раководство следува целосна ваша ревизија и на лајка со одговорност а ден потоа нова програма со која професионалци во оваа област заедно со активистите и здруженијата наживотни ке ја изготват за Лајка која ке биде центар за целосно згрижување на кучињата и решавање на проблемот кој го носи овој Град децении наназад, пишува Кирков на Фејсбук.