Претседателот на Собранието на Република Македонија денеска најави дека комисиската расправа за уставните измени треба да започне на 17 декември.
Јавните дебати за нацрт амандманите завршуваат денеска во градовите Штип и Тетово, а според најавите на собрансикиот спикер најверојатен датум кога ќе ја закаже пленарната седница го посочи 9 јануари, односно 15 јануари, кога треба да се случи гласањето за уставните измени.
Сепак за да поминат уставните измени во Собранието треба да гласаат две третини од пратениците.