Никола Димитров е вториот министер од државава кој во екот на светската пандемија на коронавирус, ја напушти Македонија поради службено патување.
Вчера беше во Ниш, на средба со српскиот колега Ивица Дачиќ. Пред да оди, според владиниот протокол за патување во странство, потпишал изјава дека ќе ги почитува препораките, а меѓу нив и клучната – „Се забранува поздравување со раце“. Но, Димитров иако ги знаел протоколот и препораките, сепак се поздравува со рака, анализира АЛСАТ.
Целиот прилог погледнете го на АЛСАТ