Триесетгодишниот пратеник од редовите на СДСМ и портпарол на партијата, струмичанецот Коста Костадиновски, влегува во брачните води.
Еден од најекспонираните пратеници на владејачката партија, ја побара за жена својата љубов Марија, а таа кажа да.
Вчера преку својот фејсбук профил Костадинов го покажа свршеничкиот прстен што и го дал на својата избраничка, Марија Десанова.
„Животот ми овозможи да те запознаам, Бога пушти знак да се препознаам себеси и да си го препознаам животот со тебе. Нека љубовта трае до последниот атом. Затоа што си моја, затоа што те сакам. Од овде до небото и назад“, напиша Костадинов на својот фејсбук профил.