Со официјалното поставувањето на Нина Фити во Извршниот одбр на СДСМ од страна на новиот лидер Димитар Ковачевски, очигледна е намерата за продолжување на она каде што татко и Таки Фити застана. Таки Фити речиси и да нема човек кој не го памети како поранешен министер и креатор на политики поради кои луѓето остануваа без работа, на улица, без да имаат за парче леб, без да имаат пари за школување на децата. Но, тој беше добар да и удоволи на партијата СДСМ која го именуваше на позиции во владата.
Татко и Таки Фити е познат во јавноста како креатор на неуспешните политики за време на транзицијата во која повеќе од 200 илјади работници останаа на улица.
Освен тоа за времето на транзицискиот министер Фити околу 600 поголеми и помали фирми добија клуч на врата, и со тоа голем број на работници прекинаа со работа.
Последиците од политиките на поранешниот министер Фити се чувствуваат и денеска. Тоа се низа на социјални случаи, деца на тие лица кои не можат да најдат ниту било каква работа.
Во јавноста се шпекулираше со нејзиното име како дел од владата на мандатарот Ковачевски кој синоќа за тоа доби црвено светло од Централниот одбор на својата партија, а утре се очекува да го добие и мандатот официјално од претседателот Стево Пендаровски.
Доколку прифати Нина Фити, би можела да биде нова министерка за труд и социјална политика, иако таа како што велат социјалдемократите, таа би била одлична на местото министер за финансии, со оглед на нејзиното искуство во банкарскиот сектор, Светската банка и нејзиното образование.