Kоалицијата меѓу СДСМ и БЕСА нема да испорача очекуван резултат, смета политичкиот аналитичар Сашо Клековски.
-Планот на СДСМ во 6 ИЕ да надомести за поразот во 3 ИЕ, а после битката да се сведе во 1 и 2 ИЕ во Скопје, е погрешна. Моите анализи велат дека БЕСА нема да го донесе потребниот број на гласови што се очекува, зашто нивното гласачко тело замина во Алтернатива и во ДУИ – рече Клековски на Сител.