среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Клековски и Василевска на средба со ФИДЕС- Најдобрите практики од Европа за изработка на програмата на ВМРО-ДПМНЕ

Клековски и Василевска на средба со ФИДЕС- Најдобрите практики од Европа за изработка на програмата на ВМРО-ДПМНЕ

Денес членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Клекоски и пратеничката и координатор на стручните комисии на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Иванка Василевска остварија средба со унгарскиот министер за надворешни работи и претставник на партијата ФИДЕС Петер Сијарто.

Средбата е продолжение на претходно договорената соработка околу изработката на програмата на ВМРО-ДПМНЕ и ползување на искуствата и стручните мислења од повеќе европски држави меѓу кој е и Унгарија.

На средбата договорено е соработката да продолжи на стручно меѓукомисиско ниво за повеќе стручни области и реформи пред се во економскиот и политичкиот систем, инвестициите, раст на стандардот, борба против корупција.

Во наредниот период што следи ќе биде интензивирана соработката со цел да се извлечат најдобрите искуства на европските држави.

Најнови вести