СДСМ има уплав од избори, но од друга страна се подготвува за избори со овој огромен буџет за 2023 година, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Клековски во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.
Тој посочи дека влада која сака да успее мора да биде спремна да ги изгуби изборите. Во однос на влезот на Бугарите тој истакна дека се води непријателска политика која е демонстрирана откако се прифати Францускиот предлог.
„Не би ги изедначувал Хрватите, Црногорците и Бугарите во Уставот. Хрватска не има внесено во нивниот устав и наша реципрочна основа пред да станеме членка на ЕУ ќе беше да ги внесеме Хрватите. Проблем е дека отворено се води непријателска политика која демонстрирана е неколку пати откако се прифати
Францускиот предлог“, рече Клековски.
Тој посочи дека ќе се понудат неколку алтернативи кои треба да ја отклонат недовербата не само кон Бугарија туку и СДСМ кој е спремен само за да остане на власт е спремен само понатаму да ги спушта нивоата надоле.