По невремето во Скопје пред два дена испливаа сите криминални аномалии кои што ги имаа направено владата на поранешниот премиер Зоран Заев и министер за здравство Венко Филипче, а ги поддржува актуелниот министер за здравство, Беким Сали.
Имено со силниот дожд и невреме кое го зафати Скопје во вторникот попладнето испливаа на виделина сите промашувања и стратешки грешки и истата клиника не е во функција, а пациентите се препраќаат во другите клиники.
Мојсова во најкус можен рок треба да преземе одговорност и санација на оштетените делови во клиниката. Клиниката за интензивна нега и реанимација треба да биде лице на здравствениот систем на една земја, а нејзиниот раководител да биде најкомпетентен за таа позиција.
Клиниката освен тоа требаше во овие шест години да биде најопремена, најсовремена, најорганизирана и со најквалитетен персонал.
Директорката освен што се појавува во позадината на сите политички настани, е дел од раководството на власта и гостува по телевизии, не покажува никакви други менаџерски способности и покрај сите врски и политички влијанија што и се на располагање.
Во време на здравствена криза не се вклучи со анестезиолошки тим во борбата против Ковид 19, а се обиде да ги прикрие и повредите на несреќно починатиот ракометар кој беше претепан пред дискотека, а во актуелната енергетска криза, продолжува со непрофесионално и неодговорно однесување, не само таа туку и сите структури во Министерството за Здравство како и сите раководни структури во болниците и здравствените установи.
Ваквата состојба треба да претставува прва и основна причина за смена на било која власт, па и на оваа која што е раководена од СДСМ, а диригитрана од криминалната ДУИ.