сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

КОД: Нов огромен скандал го тресе МВР – припадници од министерството шпиунирале во странски земји? (ВИДЕО)

КОД: Нов огромен скандал го тресе МВР – припадници од министерството шпиунирале во странски земји? (ВИДЕО)

Нов неверојатен скандал кој го открива емисијата Код на Снежана Лупевска ги тресе Владата и МВР.

Оперативци на МВР вршеле шпионски акции во странство за потреби на странска држава.

Аферата со шпионски камперски возила на УБК може да има далекусежни последици во македонските евроинтеграции.

Кoд дознава дека повеќе припадници на МВР биле во тајна мисија во странски земји.

Нивна задача се до пред неколку месеци била со лажен идентитет и со помош на специјална техника да шпионираат надвор од границите на службата и државата – во земји членки на Европската Унија или НАТО.

Задачата им била следење, снимање, собирање податоци за лица.

Во извештајот на служби на МВР според извор на КОД стои и дека се користени возила со уреди за следење за кои биле користени камп возила со светла боја и скопски таблички но таблиците биле фалсификат.

Но сето ова тајните агенти не го вршеле за македонската тајна служба – матичната УБК, туку за служба пријателска на петтата управа со која има долгогодишна соработка.

Код вечерва ќе открие што крие одземеното досие од претресот кај Фросина Ременски осомничена во случајот Рекет?

Најнови вести