Поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас препорачува гласањето во грчкиот парламент за преспанскиот договор да се врши тајно и секој од пратениците да гласа според својата совест. Тој е убеден дека со поддршката на некои помали партии ќе се обезбеди мнозинство гласови во парламентот.
Околу ризиците за неуспех на гласањето за преспанскиот договор, Коѕијас смета дека „треба да се спречат некои луѓе кои сакаат Грција да нема доверба и да се однесува како жртва на големи проекти“.