петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Коѕијас: Се надевам дека на следната средба ќе бидеме подготвени да направиме голем чекор

Коѕијас: Се надевам дека на следната средба ќе бидеме подготвени да направиме голем чекор

Ги забележавме деталите, што е она за што се согласуваме, а за што не се согласуваме. Ги имаме обележано главните прашања за секоја страна и се на надевам дека на нашата следна средба ќе бидеме подготвени да направиме еден голем чекор, рече шефот на грчката дипломатија во изјавата за ЕРТ.

Никос Коѕијас додаде дека паралелно со разговорите за името, направена е и позитивна агенда за во иднина, за соработка на двете држави, „доколку, како што се надевам, се реши името“.

Во однос на тоа дали е планирана следна средба, Коѕијас вели дека за „сите неопходни чекори постојат планови и договори“, без да открие кои се плановите за во иднина.

Најнови вести