понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кои се најбараните информации од јавен карактер во Собранието на РМ?

Кои се најбараните информации од јавен карактер во Собранието на РМ?

Патните трошоци на пратениците, нивните плати и надоместоци, јавните набавки, деловнички работи, извештаи од комисии и од работата на Парламентот, се најбараните информации од јавен карактер во Собранието на Република Македонија. Баратели се најчесто новинари, невладини и граѓански организации, објавува МИА.

За овие два месеци од 2018 година до Собранието има поднесено педесетина барања за информации од јавен карактер, но најмногу вакви барања биле поднесени во 2017 година и тоа 683. Најголем број од нив се од граѓанската асоцијација МОСТ околу 500, која работи на проектот „Мобилен парламент“. Останатите се од други НВО и новинари. Во 2016 биле поднесени 110 барања, додека во 2015 нивниот број изнесувал 123.

Најчести се барања за информации за патните трошоци на пратениците, нивните плати и надоместоци, јавните набавки, деловнички работи и процедурални документи.

Барањата за трошоците и платите и надоместоците понекогаш се однесуваат за сите 120 пратеници, но имало и барања поединечно само за одредени пратеници, како за сегашниот така и за минатиот парламентарен состав, но никогаш немало барања само за една политичка група.

Најнови вести