четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кој брои колку чаши вода се пијат во Собрание?

Кој брои колку чаши вода се пијат во Собрание?

На официјалната страна на системот за јавни набавки е објавен оглас од страна на Собранието во кој ќе набавува минерална вода и чаши во износ од над 350.000 денари.

Во делот на назив на договорниот орган стои Собрание на Република Северна Македонија, додека во предмет на договорот за јавна набавка стои минерална вода за пиење и пластични чаши. Вредноста на набавката изнесува 354.000,00 денари.

Експертите велат дека непродуктивните трошења на институциите се недозвиливи во време на економска криза и на енормни задолжувања. Критичарите коментираат дека власта и оние кои ги водат институциите воопшто сериозно и одговорно не се однесуваат со парите на граѓаните.

Власта пред да седне на владејачкото столче ветуваше транспарентно и домаќинско работење со парите на граѓаните, но во изминатите години тоа не е случај велат критичарите.

Тие сметаат дека институциите трошат огромна количина на средства на непотребни работи токму во економска и здравствена криза и дека голем дел од тие средства може да се пренасочат за нешто што е круцијална потрреба во моментот на граѓаните.

Инаку, владата ветуваше кратење на непродуктивните трошења и намалување на трошоците во институциите, но ништо од ова не се реализираше.

Најнови вести