четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кој го турка под тепих скандалот со родилката од Дебар?

Кој го турка под тепих скандалот со родилката од Дебар?

И по сле два месеци од скандалот со родилката од Дебар на која и беа извадени здрави органи се уште нема одговорност, министерот заздравство Венко Филипче молчи и не знае што да прави со директорот. Кој кого штити и зошто молчи невладиниот сектор?

Два месеци откако беше објавен скандалот со родилката од Дебар, Јелдиз Веаповска на која директорот на болницата во Струга, и извадил здрави органи, а во неговиот дом беше пронајдена дива ординација, министерот за здравство Венко Филипче никако да собере храброст барем да го разреши Мухамед Асани од функцијата директор на Општата болница во Струга.

Дали е тоа поради страв да не ја разниша дополнително коалицијата со ДУИ?

Филипче и после два месеци никако да собере храброст да го разреши директорот на струшката болница иако за негово разрешување беше доволно и само тоа што тој во неговиот дом, Државниот здравствен и санитарен инспекторат пронајде дива гинеколошка ординација, без воопшто да се чека за испитувањата за поголемиот скандал кој го направил со органите на родилката.

Уште позагрижувачки е и тоа што од Лекарската комора велат дека не е најден пропуст на Мухамед Асани, а истото го објави и Mинистерството за здравство со што се отвара простор за сомнеж дека целиот случај некој се обидува да го заташка.

Најнови вести