четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кој лаже, Кирацовски или Манчевски?

Кој лаже, Кирацовски или Манчевски?

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денес излезе со информација дека во Република Македонија во јавниот сектор вработени се 128.722 лица, преку Агенциите за привремени вработувања.

Заедно со вработените и привремено вработени кои се во трговски друштва со доминантна или целосна сопственост на Република Македонија бројката на вкупно вработени во јавниот сектор изнесува околу 139.009 лица.

Оваа бројка министерот е значително поголема од онаа што пред 2 години ја произнесе и министерката Марта Арсовска Томовска 127.139, дури може да се воочи и дека бројката оваа година е зголемена за околу 11.870 лица.

Во екот на кампањата за парламентарни избори СДСМ ја оспоруваше оваа бројка на Марта Арсовска Томовска и упорно тврдеше дека бројката на вработени во јавниот сектор изнесува над 180.000 вработени.

-Вработените во Јавниот сектор заедно со привремено вработените и вработените во трговски друштва со доминантна или целосна сопственост на Република Македонија, врз кои всушност власта има директно влијание, брои над 180.000 вработени, изјави тогаш Александар Кирацовски.

Не е прв пат СДСМ да се вплетка во своите лаги, дури и сами признаа дека во период од една година како се на власт вработија дополнително околу 11.870 лица во јавниот сектор.

Најнови вести