петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кој се грижи за безбедноста во главниот град, МВР или SWAT?

Кој се грижи за безбедноста во главниот град, МВР или SWAT?

Министерството за внатрешни работи пред два дена извести за 10 приведени лица поради сомнение за криумчарење и неовластена трговија со прекурсори, како резултат на голема акција со претреси на повеќе локации во Куманово и Скопје, при што се лишени од слобода десет лица на возраст од 35 до 53 години, петмина од Куманово, четворица од Скопје и еден од тетовско, меѓу кои тројца полициски службеници и петмина царински службеници.

Деветмината се сомничат дека извршиле кривично дело „криумчарење“ од член 278, а тројца од нив дека сториле и кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 од Кривичниот законик, додека при претрес кај едниот од нив, односно десеттиот од приведените бил пронајден и одземен кокаин.

Оваа акција беше спроведена од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во содејство со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за специјални полициски операции, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, СВР Скопје и СВР Куманово, по насока на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Денес со детали за акцијата излезе и ресорниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, а додека тој ги изнесуваше деталите за акцијата во позадина одеа снимки од истата.

Она што беше чудно во видеото е тоа што во еден од кадрите се појавува СПЕЦИЈАЛЕЦ со амблем за американската специјална едицинца SWAT, која во САД ја има истата функција како македонските ТИГРИ.

Безбедносните експерти кои ги контактиравме велат дека се работи за класичен преседан и кршење на сувереноста на државата, бидејќи Македонија како суверена држава има свои безбедносни структури кои се грижат за нејзината безбедност.

Редакцијата на Курир испрати прашања до МВР во кои бараме одговори за тоа, по кои закони, правилник или протокол бил присутен униформиран припадник на странска специјална единица во акција на САЕ Тигар и кои се причините за присуството?

-Не се работи воопшто за припадник на некоја странска единица, туку амблемот со ознаката SWAT е интернационален и означува припадност на одредена специјалност, но не и припадност на конкретна единица од одредена држава, стои во кусиот одговор од МВР.

Оттука се поставува прашањето: Кој се грижи за безбедноста во главниот град, МВР или SWAT?

 

Најнови вести