понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Колариќ: Околу 70 граѓани се каснати од куче за неколку месеци- веднаш треба да се превземат итни мерки

Колариќ: Околу 70 граѓани се каснати од куче за неколку месеци- веднаш треба да се превземат итни мерки

Изминативе неколку месеци сведоци сме дека околу 70-тина граѓани се каснати од кучиња, рече советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Колариќ. Според неа цената што треба да ја плати градот Скопје врз основ на судски пресуди е навистина голема и треба да се плати затоа што никој не е должен да шета во градот и да биде искасан.

– Работите се излезени тотално од контрола. Сметам дека веднаш треба да се направи план и да се превземат итни мерки да се види дали Вардариште функционира во полн капацитет, дали возилото во Вардариште функционира, колку дневно се врши кастрација на кучиња, колку кучиња се згрижуваат и колку кучиња повторно завршуваат на улица, вели Колариќ.

Таа додава додека дека градоначалникот на Скопје како водач на останатите скопски градоначалници од локалните општини треба да види до каде се нивните стратегии во однос на овој проблем.

– Мој предлог е Вардариште да се даде како јавно приватно партнерство со невладините организации, кои што сметам дека ќе дадат голем допринос за решавањето на овој проблем. Сметам дека тие имаат направено план и стратегија за разлика од Градот Скопје, рече Колариќ.

Во однос на решавање на програмата со животни скитници Колариќ прашува како овој е даден овој предлог за решавање на овој проблем. Таа вели дека Градот Скопје има само надлежност само врз кучињата скитници, но дека нема надлежност врз сите животни скитници. Според неа под животни скитници се подразбираат мачки, коњи и магариња кои што можат да се појават на улиците и Градот Скопје во никој случај не треба да носи таква програма зошто на тој начин жителите на Градот Скопје се доведуваат во заблуда.

Најнови вести