сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Колумна на Латас: Ни топови, ни волови, останаа само синовите

Колумна на Латас: Ни топови, ни волови, останаа само синовите

Како стојат работиве вонреднава состојба ќе потрае до 18 мај, минимум. Им се уарни на СДСМ да носат закони набрзина, без Собарние. Како уредбата да се дадат пари за СЈО кое не постои, ама не и за лекарите и сестрите кои умираат на работа. Нормално, СЈО ги селат во Обвинителтсво, им требаат лојални какви што се за идни операции, медицинариве и работниците кој ги ебе. А слушам дека избори ќе сме имале во јули, што не ми смета, само побрзо да добие народов шанса да ја земе судбината во свои раце и, на избори, да каже кој треба да ги вади луѓево и државата од криза. Оваа влада не покажа знаење, ниту умеење, ова во својата најнова колумна за Вечер го пишува Драган Павловиќ-Латас.

Владата, наместо за доверба служи за вицови. Ќе остане историска изјавата на Филипче дека пациент од Скопје починал од корона вирус “поради помпезноста која ја имал и дебелината“. Ова ќе се изучува во медицината со децении, тешко ќе ја разберат во денешно време. Што би рекол Босанецон од Твитер: Болниците ни беа супер спремни, проблем се јави кога почнаа да доаѓаат болните.

А кога ќе ги споиш Ден Дончев од Фондот и Филипче, од искуство знаеме , работата е сомнителна. Уште не дознавме зошто државата наплаќа 80 евра за еден тестер за корона кој во Европа се продава за најмногу десет евра. Кај Жан Митрев и Систина е 20-25 евра сосе услугата. На 10.000 државни тестери тоа е разлика од 700.000 евра! Убава бројка и предизвик кој не им дава сон на Дончев и Филипче. Којзнае кога пак ќе имаат ваква шанса. Толку се многу складни што прашање на ден е кога ќе се земат. Нина Групер се разболела од мака што е заборавена.

Да, влегуваме во криза. Па кажи ми која криза решиле СДСМ? Една барем. Дали ја решија кризата кога УЧК се формираа во Македонија? Киро ги амнестираше. Дали ја реши кризата со приватизација. Во црната транзиција останаа 200.000 луѓе без работа. Дали ја решија кризата со штедилницата ТАТ, денешни 70 милиони евра? Дали ја решија кризата во воената 2001. година? Ја решија така што нивниот Бучко изврши воено профитерство за 3 милиони долари, па после го ставија за премиер. Добра му била препораката. И така натаму, се до денес.

Тие што им пропадна буџетот во дупка од 2,2 милијарди евра за десет дена! На 19 март Заев изјави: буџетот е одржлив, се полни редовно. На 25 март вели: буџетот е во дефицит 1,3 милијарди евра, а по пет дена објави загуба од 2,2 милијарди евра.

Кога ќе видите дека СДСМ го праќа гревон Стојанче Ангелов по телевизии да дели совети како се решава корона вирус и економска криза, знаете дека работата е за никаде. Се потроши Самка Ибраимовски, па Стојанче го мења. Вицепремиерката Мила Царовска ја нема, ја чуваат соросоидите за бољи времиња, да го смени Заев.  

Целата колумна на Драган Павловиќ-Латас прочитајте ја ТУКА.

Најнови вести