вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Колумна на М-р Соња Цветковска: ОРВЕЛИЗАМ

Колумна на М-р Соња Цветковска: ОРВЕЛИЗАМ

„Нешто карактеристично или потсетувајќи на тоталитарната социјална и политичка организација претставена во Орвеловите „Илјада деветсто осумдесет и четврта“ (1949); конкретно, двосмислен, еуфемистички или погрешно користен збор или фраза користена во официјални изјави, политичка пропаганда“

„Оксфордски Речник“

Пред некој ден седнав во автомобилот и на радио слушав локална станица. Во моментот бев збунета, поради тоа што слушав позадинска музика која одговараше на крими-трилер. Помислив дека радиостаницата почнала со пренос на радиодрами, но веднаш „глумците“ почнаа да ги зборуваат своите текстови, и се запрашав дали почнаа локалните избори, дали е оваа информативен пренос или платена политичка програма.
Мојата политичка култура ми наложи да ги послушам пораките на политичките конкуренти од СДСМ. Си велам, тоа е нормална политичка активност, а и одговорност на политичките партии да разговаарат со гласачите, да презентираат идеи, програми и сè она што оди во политичко ЦВ на една партија.

Ништо од претходното, како нивна партиска активност, немаше да ме предизвика да го напишам овој текст да не ми влегоа во уво зборовите, концептот и контекстот на говорниците. Се прашуваав од каде ми е познат овој концепт. За среќа еден од говорниците ми помогна кога во својот говор спомна „постариот брат“. И тогаш мислата веднаш ми отиде на Џорџ Орвел 1984 и на „големиот брат“.

Бидејќи на радиостаницата имаше исечоци од говорите, а поради корекност, дома ја погледнав целата трибина. Со голема благодарност кон СДСМ, што ме потсетија на култните дела од Орвел, ги препрочитав по кој знае кој пат неговите дела „1984“ и „Животинска фарма“ за да се потсетам како изгледа едно изобличено, тоталитарно, плутократско општество.

Дури тогаш се исплашив, СДСМ максимално ги употребува принципите, методите и алатите што ги поседува „постариот (читај „големиот) брат“ и ја турна нашата држава во еквивалентно општество кое е опишано во делата на Орвел.

Сите говори беа насочени, а за нив единствена вистина, кон минатото, употребувајќи го принципот на „големиот брат“, „Кој го контролира минатото, ја контролира иднината, кој ја контролира сегашноста го контролира минатото“ константно напаѓајќи ја претходната власт и ВМРО-ДПМНЕ, а заборавајќи дека тие имаат апсолутна власт во последниве четири години. За волја на вистината рекоа дека тие три децении владеат со Куманово, пак напаѓајќи ги претходните Влади на централно ниво, но заборавија дека кумулативно централната власт во Македонија од формирањето на нашата држава 50% беше под контрола на СДСМ. Апропо ова еден од говорниците се пофали за помош на Владата за отпис на долговите на општините, па господо три децении Куманово го банкротиравте вие од СДСМ и пак Орвел, „Ако сакаш да сочуваш тајна, треба да ја скриеш и од себе“.

Продолжија со стандардни текстови како тие направиле сè небаре светот од нив почнува, како со волшебното стапче го обоиле розово, не спомнувајќи во кој период се почнати проектите, кога се изработени физибилити студиите, елаборатите, кој ги обезбедил парите, итн.
Од СДСМ, како политички конкурент, очекував многу повеќе, најпрвин, да покажат на народот, дека за нив функциите што ги добиваат со изборите, не се начин на стекнување на личен бенефит и привилегија, туку одговорност кон тој што им дава плата, НАРОДОТ. И нормално се прашувам: Кога ЛАГАТА станува ВИСТИНА? Својствено и проверено само за СДСМ. Не залудно нивната позната максима кружи меѓу моите почитувани сограѓани кумановчани: – И ,,магаре” да поставиме за кандидат за градоначалник во Куманово, ќе победи. Длабоко навлезени во својата илузија, служејќи се со сите недозволиви средства, со лични и колективни притисоци, за општа жал ,,успеваат,, да го држат Куманово во зандани, далеку заостанато и заспано во времето, и 19 век би ни позавидел.

Но, сега, верувам и убедена сум дека политика на разнебитување веќе не поминува.

Тие уште живеат во време на популизам, преставувајќи ги нивните „завршени програми“ како нивна добра волја, милост кон граѓаните, а не обврска која ја презеле со стекнување на правото да владеат, и пак Орвел: „Партијата ја бара моќта целосно заради себе. Ние не сме заинтересирани за доброто на другите; заинтересирани сме единствено за моќ, чиста моќ“.

Нормално, разочарана од концептот на говорите и од пребројувањето на луѓето и тоа неколкупати, но не и изненадена од лагите за економските состојби, за образованието, здравството, социјалната заштита, а не го спомнаа ни владеењето на правото, си го присвоија трудот на сите претходни влади за обезбедување на услови за да се добие членството во НАТО, додека нивен единствен потег беше срамната промена на име без согласност на народот.

Единствен заклучок што извлеков е дека најмногу им пречи политичката конкуренција, бидејќи константно го споменуваа ВМРО-ДПМНЕ, како нивен најголем непријател и пак Орвел: „Ние не ги само уништуваме нашите непријатели; ги менуваме“. Во тој контекст ја употребија и политичката филозофија на Ниче: „Секоја власт има тенденција сама да си створи своја опозиција“ како што пробаа со Мериот групата.

Една порака до СДСМ: Господа, ВМРО-ДПМНЕ е политички конкурент на полето на политичкиот натпревар, (го парафразирам нашиот Гоце Делчев, додека СДСМ се обидува да го предаде на Бугарија, се пазари со ликот и делото на нашиот Великан), а не ваш непријател или противник. Вашиот противник на изборите е разочараниот народ, оној ист народ, кој секојдневно пропаѓа во економска, правна и национална бездна во која вие со вашите политики и начин на владение го донесовте, а на сите читатели на овој текст им препорачувам барем да ја прочитаат „Животинска фарма“ од Орвел, и се надевам дека ќе стекнат доволно критичко знаење за да не дозволат Орвелизмот во Македонија да фати корени.

Јавноста сè погласно бара одлучно справување со клиентелизмот, непотизмот, криминализацијата и организираниот криминал на сите нивоа, бара реформи, бара европеизација на економските, политичките и севкупните процеси, бара „rechtsstaat“, бара вредносно втемелена политика. И затоа, потребни се вистински реформатори, чија политичка активност е инспирирана од ,,служење на општото добро”, а не од лукративни цели. И за крај, тоа и ќе се случи, наскоро, на претстојните локални избори, НАРОДОТ со конзензус ќе стави крај на деструктивните политика на предавничката политика на СДСМ.

Колуимна на М-р Соња Цветковска

Најнови вести