СДСМ и Заев веќе четврта година го уништуваат лозарството во Македонија. На почеток сме на бербата на грозје.Асталското грозје веќе се бери,а за дваесетина дена ќе се почне и со берба на винските сорти на грозје, рече на денешната прес конференција, Зоранчо Јованчев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.
Тој изјави дека Владата и оваа година целосно ги препушта лозарите во рацете на винариите да си играат со нивните судбини.
– Ако минатата година под изговор на ковид пандемијата ги спуштија цените на срамни 3 до 4 денари по килограм грозје,кој ќе биде изговорот на винариите поддржани од владата за оваа година, бидејќи нашите информации се дека откупот на винското грозје ќе биде уште покатастрофален од ланската. Неколку пати до сега јавно го прашав премиерот Заев и владата и на прес конференции и на пратенички прашања и ниту еднаш до сега не добив конкретен одговор.Па затоа и денес јавно ќе прашам:
Колку килограми на грозје се откупија минатата година за вино а колку за вински дестилат?
И колку залихи има во моментот на вино во винариите, а колку залихи има на вински дестилат, праша Јованчев.
– Одговор од премиерот и ресорното министерство не добивам почитувани граѓани бидејќи се сомневам дека се во теснаа координација со винариите и заеднички работат на намалување на откупната цена на винското грозје со цел екстра профит на винариите а сето тоа е на грбот на измачените лозаропроизводители. Да го потсетам премиерот Заев,кога беше опозиционер во 2016 година пред изборите дојде во Кавадарци и на еден од откупните пунктови ги гледаше во очи лозарите и ги лажеше ветувајќи им дека цената на грозјето ќе се знае неколку месеци пред почетокот на бербата и дека лозарите веќе не треба да се грижат за откупот, нивно е само да произведат квалитетно грозје, истакна тој.
Јованчев вели дека Зоран не би бил Заев доколку си остане на зборот, човек кој во текот на денот ги менува изјавите, можете да замислете колку му ја мисли за некои изјави и ветување дадени пред четири години.
– На крај, почитувани господа од СДСМ,станете од удобните кожни фотелји, растрчете се по странските пазари,отворете ги границите за извоз на грозје и не им дозволувајте на некои олигарси да прават монопол врз лозарството. Доколку се случи откуп на грозје исто како лани,постои можност од масовни протести кои нема да бидат пријатни за власта а на кои протести јас како народен пратеник ќе застанам во првите редови со намачените и измамени лозари, додава тој.