Шилегов на Скопје и на идниот градоначалник на градот од октомври ќе му остави само проблеми. Таканаречениот проект за Бас Рапид Транзит, иако Шилегов го најавува со години, е некомплетен и неефикасен проект. Шилегов за превозот планира да го зафати средишното зеленило по булеварите што ќе предизвика целосен сообраќаен хаос. Копањето на средишното зеленило на булеварот Партизански одреди на пример има опасност да предизвика осцилации и оштетување на главната водоводна цевка која што минува на два метри по средишното зеленило. За хирот на Шилегов, се доведува во опасност водоснабдувањето во Скопје, изјави денеска во Коментар на денот, Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
– Со бетонирање на делот над главната водоводна цевка, едно што главната водоводна артерија ќе биде недостапна за евентуални брзи поправки, тоа ќе трае многу подолго, а за тоа време и „транспортот“ на Шилегов ќе биде во застој. Оваа траса нема да може да се користи од другите автобуси на ЈСП и така многу линии ќе бидат пресечени, а граѓаните кои што сакаат да стигнат на пример од Ѓорче Петров до Автокоманда, линија на која што нема БРТ превоз, ќе мора да се претовараат и по неколку пати од автобус во автобус, а не како сега, да користат една линија на ЈСП, вели тој.
– Да ја анализираме исплатливоста на проектот. Се најавува дека системот ќе движи на секои 3 минути и со тоа поголем број од автобусите во денот ќе бидат празни. Тоа е затоа што Шилегов наместо електрични автобуси набавува систем кој што е нефункционален и е адекватен можеби за градови кои се простираат на големи површини, како Истанбул во Турција. Се на се, Шилегов го втурнува градот во хаос и идниот градоначалник на Скопје во проблеми затоа што почнуваат ваков проект кој што е неосмислен пред крај на мандатот. Шилегов знае дека нема да победи, и затоа со овој проект прави само штета, додаде Стоилковски.