петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисии на ВМРО-ДПМНЕ: И културата не е поштедена од лагите на Шилегов (ВИДЕО)

Комисии на ВМРО-ДПМНЕ: И културата не е поштедена од лагите на Шилегов (ВИДЕО)

Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишуваат дека ниту културата не е поштедена од лагите на Шилегов во предизборната кампања за градоначалник во 2017 година.

-И КУЛТУРАТА НЕ Е ПОШТЕДЕНА ОД ЛАГИТЕ НА ШИЛЕГОВ
Поминаа скоро три години откако Петре Шилегов е градоначалник на Град Скопје, тоа е период во кој тој се покажа како еден од најнеспособните градоначалници на сите времиња.
Дека кажуваше лаги, а не проекти се гледа во сите области и општини. Ќе направиме осврт на лажните и неостварени ветувања во областа на културата.
Во предизборната програма, Петре Шилегов и СДСМ ветуваа изградба на нова Универзална сала во Скопје, објект кој е од посебна важност за скопјани. Наместо тоа, до овој момент објектот на Универзалната сала е оставена на пропаѓа и ништо не е направено. Се потпиша само Меморандум за некаква соработка со поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски. Очигледно истиот беше за пи-ар потребите на власта, граѓаните се вообичаено заборавени од СДСМ.
Скопскиот Аквадукт е уште еден од објектите за кои Шилегов и СДСМ ветуваа дека ќе го реконструираат и вратат на стариот сјај. Шилегов во својата програма вети дека тој во рамките на градските ингеренции ќе го отворат просторот околу акведуктот, ќе го хуманизираат со урбана опрема со цел да биде убаво место за прошетки, велеа ќе го уредат пристапот и паркингот на автомобилите до локацијата.
И вообичаено, Шилегов излажа. До овој момент, освен една посета заедно со поранешниот министер Алаѓозовски и поранешниот премиер Заев за нивните пи-ар потреби нема ништо друго. Тие само се сликаа пред Аквадуктот, и баш ништо не е превземаа за заштита и реставрација на истиот, како и просторот околу него и неговата пристапност.
Во програмата Шилегов вети и излажа и за изградба на нов Културен дом во Шуто Оризари, кој би требало да служи на жителите од оваа општина. По скоро три години нема ништо, ниту има културен центар во Шуто Оризари, ниту Шилегов го споменува.
И за културата, како и за останите работи, важи истото – Шилегов вети, а не оствари. Даде збор и го погази. Отвори уста и излажа, стои во нивниот пост на Фејсбук.

И КУЛТУРАТА НЕ Е ПОШТЕДЕНА ОД ЛАГИТЕ НА ШИЛЕГОВ Поминаа скоро три години откако Петре Шилегов е градоначалник на Град…

Gepostet von Комисии на ВМРО-ДПМНЕ am Dienstag, 16. Juni 2020

 

Најнови вести