среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисија на ВМРО-ДПМНЕ: 100 дена од 4 катастрофални години во железничкиот сектор

Комисија на ВМРО-ДПМНЕ: 100 дена од 4 катастрофални години во железничкиот сектор

Дали целта на систематското уништување на железниците во Македонија во изминативе 4 години, беше да се обезвреднат, да се клекнат на колена и да се продадат по багателна цена како “бонбона бизнис“? – прашуваат од Комисија на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение го пренесуваме нивното соопштение:

Поминаа 100 дена од старо-новата Влада на СДСМ, 100 дена во кои продолжи катастрофата и неодговорноста на власта кон железничкиот сообраќај. Поминаа 100 дена во кои не се започна ниту еден единствен проект. Всушност, единствен “проект“ кој започна во овој период беше најавата за продажба на единствениот државен железнички оператор во нашата држава МЖ Транспорт АД. Без никакви финансиски анализи, без стратегија што понатаму со железничкиот сообраќај, власта реши да ги продава железниците само со цел да обезбеди средства во буџетот за непродуктивни трошоци. Средствата ќе се потрошат, а Македонија ќе остане без железница.

Овие 100 дена на Влада беа само продолжување на погрешните политики кои Владата ги водеше во изминативе 4 години.

Во овие 100 дена добивме одговор на прашањето: Која беше целта на систематското уништување на железниците во Македонија во изминативе 4 години?

Владата на СДСМ јавно најави продажба на железниците во Македонија. Па од таму, се појасно е дека целта на ова систематско уништување била да се ослабне Македонски Железници Транспорт АД, со цел да се обезвредни, да се клекне на колена и да се продаде по багателна цена како “бонбона бизнис“. СДСМ по принцип на стариот комунистички метод прво ќе ја обезвредни и ќе ја прикажи во лошо светло состојбата на МЖ Транспорт АД, а потоа ќе ја продаде (читај, некој ќе си ја купи) за багателна цена.

Лажни биле ветувањата на СДСМ во изминативе 2 изборни циклуси за наводни развојни проекти во железниците:

Ветуваа изградба на пругата кон Бугарија – НАПРОТИВ, ЈА СТОПИРАА,

Ветуваа изградба на пруга кон Албанија – НЕ ЈА НИ ЗАПОЧНАА,

Ветуваа проектна техничка документација за реконструкција на железничката пруга Скопје – Кичево – НИШТО НЕ НАПРАВИЈА,

Ветуваа пуштање во сообраќај на пругата Битола-Кременица – СЕУШТЕ НЕ Е ПУШТЕНА,

Ветуваа брза пруга за возовите по коридорот X – СПРОТИВНО НА ТОА ДОПОЛНИТЕЛНО ГИ УСПОРИЈА,

Ветуваа приградски патнички железнички сообраќај околу Скопје – НЕМА ПРИГРАДСКИ ЖЕЛЕЗНИЧКИ СООБРАЌАЈ, НАПРОТИВ ЖЕЛЕЗНИЧКИ ЈА ИЗОЛИРАА МАКЕДОНИЈА,

Ветуваа ремонти на локомотиви и возови – СПРОТИВНО НА ТОА И ПОСТОЕЧКИТЕ ГИ УНИШТИЈА И ПРЕПОЛОВИЈА,

Ветуваа почеток на изработка на проектна техничка документација за електрифиција на пругата Скопје – Блаце (граница со Република Косово) – НИШТО НЕ ЗАПОЧНАА,

Ветуваа набавка и инсталација на опрема за европскиот систем за контрола на возовите – ETCS (т.н. автоматска регулација на брзината на возовите) – НИШТО НЕ НАПРАВИЈА

Ветуваа проектна техничка документација за изградба на нова пруга Миладиновци до аеродромот TAV Петровец – НЕ ЗАПОЧНАА ВАКОВ ПРОЕКТ

Ветуваа осигурување на патните премини – НАПРОТИВ ОД ПОСТОЕЧКИТЕ ГОЛЕМ ДЕЛ СЕ НЕФУНКЦИОНАЛНИ.

Ветуваа завршување на ремонтот од Ногаевци до Неготино – НЕ ГО ЗАВРШИЈА.

Очигледно е дека оваа Влада предводена од СДСМ ниту има волја, ниту има капацитет да се справува со предизвиците на железничкиот систем во нашата држава. Не грижата кон железниците, предизвикува непоправливи штети и го загрозува безбедното одвивање на железничкиот сообраќај. Македонија никогаш не била во полоша состојба во делот на железничкиот сектор.

Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт.

Најнови вести