сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за економија на ВМРО – ДПМНЕ: Опаѓа продуктивноста во Економијата, порастот на вработеноста и платата е вештачки

Комисија за економија на ВМРО – ДПМНЕ: Опаѓа продуктивноста во Економијата, порастот на вработеноста и платата е вештачки

Продуктивноста во економијата продолжува да опаѓа. Имено, просечната продуктивноста во економијата во третиот квартал од 2019 година забележа пад од 2% споредено со истиот период лани, додека продуктивноста на новите вработени во анализираниот период е помала за 60% во однос на просечната продуктивност, велат од Комисија за економија на ВМРО – ДПМНЕ.

Ова е потврда дека економските политики на оваа Влада на СДСМ се целосно погрешни и со единствена цел да креираат вештачки резултати со кои ќе манипулираат во јавноста. Заев игра на картата дека граѓаните се наивни и дека ќе поверуваат на неговите ефтини трикови со кои сака да ги сокрие катастрофалните економски резултати, се вели во објавата на комисијата.

Доаѓа вистинска економска обнова на Македонија базирана на одржливи развојни политики насочени кон реално подобрување на животниот стандард на граѓаните, порачуваат од Комисија за економија на ВМРО – ДПМНЕ.

Најнови вести