Заев описно го прочита отчетот за 100 дена влада што најверојатно ПР центарот му го напишале. Потребен е професор по македонски јазик за да се разбре што сака да каже авторот ШТО, КОГА и КАКО е сработено во областа на енергетиката.
Заев прочита: „Енергетиката и енергетската ефикасност заедно со дигитализацијата и сите други високи современи технологии се иднината на развојот.
Потоа Заев додаде:
62,5 MW фотоволтаици кои што се во фаза на изградба по пат на ЈПП, за кои се уште не знаеме ни дали има проект, а не пак дали се изградени!
успешно е завршена првиот дел од постапката за инсталација на 100MW фотонапонска централа во Осломеј каде државата учествува најмалку со 10% за ресурсите кои ги нуди, а за жал во близина на Осломеј нема абер да потечат првите kWh енергија од сонце!
10MW фотонапонска централа сами како држава преку ЕСМ ја градиме во Осломеј, која е само повторување на претходната лага!
На потегот Крива Паланка –Куманово се подготвува инвестиција преку мерењето за 400 MW ветерници. Дали Заев и тие околу него знаат што значи балансирње на 400 MW енергија од ветер? Очигледно не, или и ова е исто како со онаа лага за 2000 км автопатишта со кои се фалеа на изборите во јули!
Се работи истотака паралелно на три засебни проекти кои што почнуваат градба од вкупно 90MW ветерници на странски и домашни инвеститори во Богданци, Демир Капија и С.Николе. Истовремено се подготвува локација во Дебарца за 25MW. Дополнителни уште 200MW по територијата на целата наша земја.
Заев сумираше: со поставената цел 400 MW фотоволтаици и најмалку 200 MW ветерници правиме сериозен исчекор ДА СОЗДАДЕМЕ СЛИКА за нашата земја лидер во регионот во однос на чистата енергија од обновливите извори.“
Што во меѓувреме навистина Заев направи за енергетиката во овие 100 дена влада?
За само 15 дена Влада, струјата за граѓаните поскапе за 7,4 %!
Толку! Само тоа! И единствено тоа!
Сẻ друго е само реално шоу за СОЗДАВАЊЕ СЛИКА што не постои, со која сакаат да не манипулираат нас граѓаните!, реагираат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.