вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Археолошкиот музеј вредното македонско културно наследство го чува затворено во своето депо и го крие од очите на јавноста

Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Археолошкиот музеј вредното македонско културно наследство го чува затворено во своето депо и го крие од очите на јавноста

Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук обвинува дека во Археолошкиот музеј исто како и во приказната на Али Баба, кој љубоморно од сите го криел своето неверојатно богатство заклучено во пештера само за себе, така и Националната установа – Археолошки музеј на Македонија – вредното македонско културно наследство го чува затворено во своето депо и го крие од очите на јавноста, додека отвора изложба со фотографии од сопствената ризница.

-„ПЕШТЕРАТА“ НА AРХЕОЛОШКИОТ МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА!!!

Исто како и во приказната на Али Баба, кој љубоморно од сите го криел своето неверојатно богатство заклучено во пештера само за себе, така и Националната установа – Археолошки музеј на Македонија – вредното македонско културно наследство го чува затворено во своето депо и го крие од очите на јавноста, додека отвора изложба со фотографии од сопствената ризница.

Случајно или не, ретката македонска публика која влегува во оваa репрезентативна зграда во самиот центар на Скопје веќе одамна нема што да види во неа и никако не може да види артефакти за својот национален и идентитетски корен, што, за жал, можеби е и посакуваната цел.

Во Археолошкиот музеј веќе неколку години не е изложена античката збирка, која сведочи за повеќе од илјада години македонска историја на ова тло и на која работеле стотици археолози и историчари, и сега таа се крие по депоа и подруми, додека половина Музеј зјае празен!?

Исто така, и репрезентативната нумизматичка збирка која ја отсликува комплетно македонската милениумска историја и која има повеќе изданија со јасно читлив натпис – Македонија – е трајно отстранета од управата на Музејот.

Новата реалност во Археолошкиот музеј на Македонија покажува дека сега македонската и странската публика во оваа исклучително значајна музејска установа ќе можат да гледаат само фотографии од предметите и артефактите, додека истите се чуваат во депото на самата зграда, уништувајќи го на овој начин восхитот на посетителот кога тој пред себе гледа вреден археолошки предмет стар илјадници години.

Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ смета дека Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и директорката на Археолошкиот музеј, Славица Бабамова, веднаш треба јавно и јасно да ја објаснат новата реалност во Археолошкиот музеј, установа која сериозно го губи стекнатото реноме и станува установа за потсмев од страна на незадоволните посетители, но и на пошироката јавност.

Министерката за култура и директорката на Установата да објаснат кои се активностите на Археолошкиот музеј, зошто е нефункционален, кои се причините за стопираните археолошки истражувања и истражувањата без никаков резултат и цел? Исто така, бараме одговори на прашањата: кои се причините за мноштвото привремено ангажирани вработени и нивната потреба; кои се причините за игнорантскиот однос на Владата на СДСМ-ДУИ кон вредностите и достигнувањата на македонската археологија?

Али Баба го криел богатството љубоморно од сите. Тој имал јасна цел: да го зачува за себе. Во новата реалност (приказна), сегашната власта го трга македонското археолошко богатство од очите на јавноста со друга, поинаква цел. Јавноста ја сфаќа оваа нова приказна. Во „пештерата“ на оваа власт се прикрива и крие македонскиот идентитет.

Централна Комисија за Култура на ВМРО-ДПМНЕ, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Најнови вести