сабота, 2. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: ДАЛЕКУ СЕ СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ…

Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: ДАЛЕКУ СЕ СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ…

Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишуваат дека далеку се струшките вечери.

Целиот статус ви го пренесуваме во целост:

„ДАЛЕКУ СЕ СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ…

– идејната празнотија на СВП –

Ниту на Светскиот ден на поезијата, 21 март, и на одбележувањето на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, македонската јавност не беше во можност да го проследи пројавувањето на директорот на Струшките вечери на поезијата, инаку вљубеник во скопската домашна атмосфера. Овојпат, директорот од Скопје, чии службени канцеларии се во Струга, беше во Париз за да ги соопшти добитниците на наградите на оваа значајна поетска манифестација.

„Креативниот“ директор Тодорче Тасевски, е добро засидрен на струшкото крајбрежје, во раководната фотелја на Националната установа Струшки вечери на поезијата. За неупатените, тоа е истиот административен службеник од Министерството за култура кој во 2016 година, пред македонската јавност преку политички спот „плачеше“ дека бил „малтретиран“ од „режимот“ и не мрднал од позицијата помлад соработник цели 11 години, па морал работното време да го поминува со медитација во Градскиот парк.

Иако Струшките вечери на позијата се далеку, сериозна е состојбата со оваа Национална установа, бидејќи директорот речиси и да не се појавува на работа во струшките канцеларии.
Во седиштето на Струшките вечери на поезијата, кое се наоѓа во Спомен-домот на Браќата Миладиновци владее целосна културна штама. Пет години не е одржана ниту една промоција или некоја друга активност. Затоа, Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ прашува – по кој закон, административниот службеник Тодорче Тасевски е ослободен од доаѓање на работа во текот на годината? Дали СВП треба да ги отвора вратите само една недела, во август, кога се одржува манифестацијата? Кога ќе се појават десетината вработени на работа? До кога директорот на Струшките вечери на поезијата ќе раководи со институцијата од далечина, со удобна скопска перспектива?

На ваквата состојба реагира и Друштвото на писателите на Македонија, кое пред неколку месеци одржа трибина иницирана од бројните реакции на членовите преку медиумите и социјалите мрежи. Тема на настанот беше квалитетот на литературните манифестации, произнесувајќи се, меѓу другото, и со остра реакција за лошото раководење со НУ Струшки вечери на поезијата.

Да констатираме – Струга е познат поетски и култутен центар. Струга не е провинција. Градот има квалитетен стручен кадар што размислува креативно, во насока на одржлив развој на националната установа, која ја има привилегијата да ја организира оваа светска поетска манифестација. Исто така, македонската културна јавност треба да ги знае (не)реализираните програмски цели, кои Тодорче Тасевски ги поднесе пред да седне во директорската фотелја.

Ова е суптилен обид на власта, повеќегодишното сивило и идејната празнотија на СВП да се скријат зад парискиот гламур. Доказ дека содржината, скоро секогаш, ги крева рацете пред застрашувачката силина на формата, стои во постот на Централната комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести