Самоволието на министерката за култура продолжува уште позасилено!, реагираат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.
По низата, незаконски постапки, пропусти и гафови во министерството за култура, денес имаме уште една злоупотреба на дискреционото право на министерката Бисера Костадиновска Стојчевска.
Изборот на директор во Н.У. Турски театар е скандалозна одлука!
Министерке Костадиновска Стојчевска, Ве повикуваме итно да ја презентирате целокупната документација од Пријавите на кандидатите во трите постапки пред македонската јавност!, повикуваат од партиската комисија на ВМРО-ДПМНЕ.