Градоначалникот Дарко Блажески е должен на жителите на село Вратнца да им одговори зошто ниту тој, ниту советниците од редот на СДС не дозволија дискусија по одос на разгледување на можностите за изградба на мали хидроцентрали на Вратничка река!?
Повеќе од очигледно е дека бизнис-интересите на поединци се многу поважни за локалните власти, кои наместо да се грижат за подобрување на условите за живот во оваа општина, не водат сметка ниту за најважното човеково право-правото на здрава животна средина, стои во објавениет статус на комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.
Имено, во 2014 година Советот на општина Јегуновце донесе Заклучок за запирање на сите активности за изградба на мали хидроцентрали на Вратничка река и ги поддржа заклучоците од Собирот на граѓани, за денес барањето на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за дополнување на дневниот ред на кој би се продискутирало за ова прашање, да не заслужи внимание и истото да биде отфрлено.
Ова е само уште едно од многуте барања на жителите за кои локалните власти немаат слух, истовремено докажувајќи дека прашањата од граѓаните не заслужуваат одговор, посебно ако истите не се вклопуваат во бизнис-интересите на поединци!
Токму затоа, крајот е блиску и веќе се гледа! Крајот е 12ти април кога граѓаните ќе ги изберат оние кои не бегаат од нив, туку посветуваат внимание на секое нивно барање и прашање!
Обновата значи посветеност, внимание, работа, реални проекти за реални придобивки….Обновата значи крај на лагите и измамите и што е најважно, Обновата значи крај на криминалот, се вели во објавениот статус на комисијата.