Во вистински момент јавноста ги дозна новите детали за скандалозното аздисување и расфрлање со нашите пари, реагираат од комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.
-Поминаа три години, а власта се уште е целосна спротивност од она за што ќе се бореше. Па така, во пренатрупаната администрација, за која пред ден или два пристигна потврда од Светска банка дека е бескапацитетна, некадарна, необучена, неискусна…одеднаш се појави мистериозна потреба за нови 3.000 општински административци кои граѓаните ќе ги чинат над 8 милиони денари годишно, од комисија за локална самоуправа.
Голема е веројатноста дека времето и истрагите ќе го потврдат основаниот сомнеж дека кај најголем дел од нив единствена ставка во биографијата е дека се „син/ќерка од…“, додаваат од таму.
-Од овие полтрони на власта не можеме да очекуваме нови проекти, креативност, иновативсност, продуктивност…тие нема ништо да ни дадат, а ќе ни земат сè, затоа што ќе мора да ги носиме на наши плеќи и да ги храниме од наш џеб!, потенцират од комисијата
-Власта не може чесно, законски и умешно да управува со ресурсите кои и се доверени сè додека со буџетски пари ги полни џеповите од своите послушници и сè додека во бизнисите ги вовлекува своите браќа, венчани и невенчани сопруги, блиски и далечни роднини…и преку нив им го одзема бесплатниот оброк на учениците, бесплатните учебници, бесплатните екскурзии, субвенциите за мали семејни претпријатија, парите за земјоделците, за ранливте групи, за селата, за инфраструктурата…и така социјално и економски ги уништува сите останати граѓани, додаваат од комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.
Веруваме во моќта на народот и знаеме дека доаѓа време кога од фиоките, на светлото на денот ќе излезат сите пријави за злоупотреби, предизборен поткуп, непотизам, корупција и криминал. Тогаш ќе видиме колку се тешки политичките планини од поткупени гласачи и каде ќе бидат денешните властодршци.
-А каде би биле, ако не на чело на колоната од оние кои пред законот ќе се соочат со последиците од своето аздисување!? Доаѓа денот кога конечно ќе мора да се положи сметка! 12ти април е денот кога власта заедно со целата нејзина неспособна свита, ќе добие црвен картон!, порачуваат од истат комисија.