недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Страв и параноја низ општините

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Страв и параноја низ општините

Комисијата за локална самоуправа на  ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека низ општините владее страв и параноја.

-СТРАВ И ПАРАНОЈА НИЗ ОПШТИНИТЕ
Еден градоначалник позитивен на Корона 19!
Друг, дава изјава дека ситуацијата во неговата општина излегува од контрола!
Трети, вршат поткуп и не се во самоизолација и покрај контакти со заболени!
Цели општини под карантин, поради несериозен однос на институциите кон болеста!
И колку и да сакаме да бидеме конструктивни, сепак, не можеме да останеме неми на целокупната состојба во државата!
Меѓутоа, за јавноста да не мисли дека претенциозно и субјективно критикуваме, основа на ова мислење е изјавата на градоначалникот на Општина Куманово, кој за национална телевизија накратко даде осврт за личното искуство во овие тешки времиња. Памдемијата не ја одмина нашата држава. Но, фактот дека општините се оставени сами на себе, додека Владата не’ манипулира со статистики и неприменливи бројки, е поразителен. Иако и Градоначалниците до сега не покажаа некој особен капацитет, очевидно е дека мака мачат со сериозни проблеми, немаат основни средства за работа, сами се снаоѓаат и молат за помош, а раководните структури не’ замајуваат со прес конференции!
Координативните тела не функционираат, што резултира со енормно зголемување на бројот на заболени на локално ниво. Основни средства, како тестови за масовна проверка, маски и ракавици за населението и медицинскиот персонал, како и доволен број на здравствени работници во болниците ширум државата се мисловни поими, за кои власта, и после дваесетина денови од прогласување на вонредната состојба, нема план како да ги изменаџира.
Очигледно, во време на светска здравствена и економска криза, во Македонија нема здрава рака од власта, која може и знае како да се справи со овој проблем, стои во нивниот пост на Фејсбук.

СТРАВ И ПАРАНОЈА НИЗ ОПШТИНИТЕЕден градоначалник позитивен на Корона 19!Друг, дава изјава дека ситуацијата во…

Gepostet von Комисија за локална самоуправа am Mittwoch, 8. April 2020

 

Најнови вести