Повиците за ригорозно штедење очигледно не стигаат до ушите на власта, а обемот на работа „се зголемува“ само и единствено во општините и институциите под нивна капа, за кои со сигурност се испостави дека се имуни на Корона вирусот.
Па така, наместо мерките и средствата од општинските и државниот буџет да се фокусираат на задржување на работниците во приватниот сектор, непродуктивните трошоци се недопирливи, а сумата издвоена за привремени вработувања во само 4 општини достигна износ од 57 милиони денари!
Само во периодот од 22.02.2020 година за договори со агенции за привремени вработувања во Локалните самоуправи и институциите на локално ниво се потрошени 47.232.979 денари, додека очекуваните ребаланси за пренамена на средствата со цел изнаоѓање на начини за поуспешно справување со кризата никаде ги нема!
Како краен заклучок се наметнува и немилиот факт дека повиците за „солидарност на работодавачите со вработените“ се крајно беспредметни и буквално ништо не значат во времево кое подразбира отежнато работење за сите работодавачи.
Короната можеби некако и ќе ја преживееме, но оваа власт…многу тешко!, реагираат од комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.
Фејсбук статус на комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.