сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ: Имаме целосен распад на системот, матурата не е спроведена како што треба, пробиени се тестови, потребен е рестарт на системот

Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ: Имаме целосен распад на системот, матурата не е спроведена како што треба, пробиени се тестови, потребен е рестарт на системот

При спроведувањето на матурата и оваа година повторно се потврди неспособноста на државните институции, но и на сите официјални учесници во процесот, за спроведување на обврските, велат во партиското соопштение од Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ за матурата 2023 година.

Веста дека се пробиени тестовите по англиски јазик треба официјално да ја потврди ДИЦ, и директорката на ДИЦ тврди дека од ДИЦ тестови не се излезени, но излезените скриншотови од договарањата по вибер групите се сигурен доказ дека матурата не е спроведена така како што треба. Според добиените информации, најмалку 7000 средношколци препишувале, односно се договарале.

Се зборува дека ситуацијата била слична и на испитот по македонски јазик. Сето ова укажува на комплетен распад на системот и драстично менување на вредносниот систем како на учениците, така и на учесниците во процесот на матурата.

Очигледно е дека институциите веќе не се во состојба да си ги извршуваат обврските и потребен им е итен рестарт, стои во соопштението на комисијата.

Најнови вести