Имено, на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, во јануари 2018 година, му биле исплатени трошоци за 12 дена престој во Хрватска, под извештај дека бил на средба со министрите за спорт на Хрватска и Словенија!
Почитувани граѓани, Хрватска и Словенија НЕМААТ министри за спорт, се вели во соопштението на Комисија за спорт на ВМРО – ДПМНЕ!
Дарко Каевски лажел! Каде лажел, па и државата му ја платила прошетката до Хрватска на Европското првенство во ракомет! Можеме да забележиме на една од фотографиите како директорот Каевски е во друштво на премиерот Заев на трибини, го следат натпреварот на македонската репрезентација против Шпанија во 2018!
На лагата и се кратки нозете, Каевски! Се се дознава кога-тогаш! После сите лаги, никој нема да ви да даде довербата! Паѓате и тоа вртоглаво!, стои во сооппштението.