вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за транспорт на ВМРО-ДПМНЕ: Кога е во прашање односот на СДСМ кон инфраструктурата можеме да слушнеме само лажни ветувања

Комисија за транспорт на ВМРО-ДПМНЕ: Кога е во прашање односот на СДСМ кон инфраструктурата можеме да слушнеме само лажни ветувања

Комисијата за инфраструктура на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека кога е во прашање односот на СДСМ кон инфраструктурата можеме да слушнеме само лажни ветувања.

-Остануваме на тема “розеви наочари” презентирана од СДСМ и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
По којзнае кој пат кога е во прашање односот на СДСМ кон инфраструктурата можеме да слушнеме само лажни ветувања.
Во вчерашното обраќање на Сугарески тој изјави:
“За изградба на пругата од Куманово до Бељаковце до сега реализирани се 70 милиони денари или 17 проценти од планираните средства”.
За предвремените парламентарни избори (декември 2016 г) СДСМ вети довршување на реконструкцијата на пругата Куманово – Бељаковце. Споменатото ветување на социјалдемократите е дел од нивната изборна програма: „План за живот во Македонија“ , каде што се споменува на повеќе места, поточно на стр.76, стр.191, стр.193, а го има и во „Планот 24м – итни реформски приоритети на новата Влада во првите 2 години“ (стр.246). Реализацијата на овој проект е во тек.
Според изборните ветувања на СДСМ дадени во програмата, ветувањето требаше да биде исполнето НАЈДОЦНА ДО ЈУНИ 2019 година, со оглед на тоа што Владата предводена од СДСМ беше избрана на 31 мај 2017 година.
Продолжувајќи ги лажните ветувања Горан Сугарески пред една година и еден месец, во март 2019 година изјави:
“До крајот на годината ќе завршат градежните работи на пруга Куманово – Бељаковце, со што ќе заврши првиот дел од делницата на железничкиот коридорот 8 кон Република Бугарија.
На чија изјава од Горан Сугарески да се верува ?
На таа од вчерашната прес конференција или на таа од март 2019 ? Или да се верува на програмата на СДСМ ?
Или најсигурно е да не им се верува на ништо од кажаното, ниту нему, ниту на СДСМ.
#ОбноватаДоаѓа а со неа и вистински позитивен пресврт во градењето на инфраструктурата на Македонија

Остануваме на тема "розеви наочари" презентирана од СДСМ и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.По којзнае…

Gepostet von Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО – ДПМНЕ am Sonntag, 26. April 2020

 

Најнови вести