Ниту денеска нема препорака од Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките. Според информации на Сител на утринскиот состанок поради зголемениот број случаи поврзани случаи изминатите 24 часа лекарите не разговарале ниту за евентуално кратење на полицискиот час, ниту за отворање на угостителските објекти. Расправата за враќање на животот во нормала ја одложиле за утре.
Според статистиката од ИЈЗ последното деноноќие регистрирани се 22 новозаболени, од 145 тестирања. Најмногу 13 се од Скопје, 7 се од Тетово, а двајца од Прилеп. Пријавени се уште 64 оздравени пациенти.
Стенд Денеска немаше ниту седница на Владата бидејќи Комисијата за заразни болести не препорача олабавување не мерките. Според информациите од прес службата заседавал само Кризниот штаб, но засега нема конкретни одлуки.
Според информации од кабинетот на претседателот Пендаровски, одлуката за евентуално продолжување на вонредната состојба ќе се знае по утрешната лидерска средба. До крајот на неделата ќе биде свикан и Советот за безбедност бидејќи во сабота истекувааат вторите 30 дена.