понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт: Кровот на ГТЦ е површина од 1800 м2 а чини околу 550 000 евра за бетон, земја и трева?!

Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт: Кровот на ГТЦ е површина од 1800 м2 а чини околу 550 000 евра за бетон, земја и трева?!

Математиката на Петре Шилегов. Кровот на ГТЦ е површина од 1800 м2 а чини околу 550 000 евра. 550 000 евра за бетон, земја и трева?!! Или во превод околу 300 евра за квадрат партерно уредување?, велат од Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ.

-За информација: квалитетна куќа да се изгради со кров, прозори, врати, под, плочки и изолација чини околу 600 евра за м2 а овде 300 евра за земја, бетон и трева ??? Во првите 24 часа кровот протече и напукнаа дел од плочките предвидени како пешачка стаза (прилог фото).

Толку за квалитет на градбата. И чесно е да се каже дека се работи за многу мал дел од кровот на ГТЦ, а бомбастично се најави како да е парк од 30.000 м2. За угостителскиот објект кој го предвидоа и изградија делумно па потоа се правеа дека прв пат го гледаат ќе остане да го помниме како неостверен сон на Петре Шилегов, стои во објавата на Комисијата на Фејсбук.

Најнови вести