четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ: Класика од СДСМ, ветено-неостварено

Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ: Класика од СДСМ, ветено-неостварено

Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук обвини дека класика на СДСМ е да ветува нешто, а потоа истото да не го стори.

-Класика од СДСМ. Ветено – неостварено.

Во програмата на СДСМ во борбата против загадувањето во Струмица до 2019та година ветија дека ќе бидат направени “Зелени ѕидови и зелени кровови за чист воздух”.

Како и скоро секое друго ветување од страна на СДСМ така и сега го излажаа народот. Ги излажаа и своите гласачи. Градоначалникот Коста Јаневски ги стави во заблуда Струмичани.

На фотографиите се гледа актуелната состојба каде што требаше да има зелени ѕидови.

А што друго и да очекуваме од СДСМ и Зоран Заев.
Време е за #ПредвремениПарламентарниИзбори, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Најнови вести