четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисијата за заразни болести предлага и средношколците да не носат маски

Комисијата за заразни болести предлага и средношколците да не носат маски

Комисијата за заразни болести на денешната седница одлучи да предложи до Владата и до Главниот кризен штаб и учениците во средните школи да не носат маска по примерот на основците, потврдуваат за Слободен печат извори од Комисијата.

Оваа одлука доаѓа во пресрет на пролетните денови и зголемените температури, а основа за него е и стабилната епидемиолошка состојба која со недели владее во државата.

Состанокот на комисијата уште трае и не е исклучено и други рестриктивни мерки да бидат отстранети.

Најнови вести