понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисијата за здравство ја прифати иницијативата на Димовски за јавна расправа за локацијата на новиот клинички центар

Комисијата за здравство ја прифати иницијативата на Димовски за јавна расправа за локацијата на новиот клинички центар

Денес на Комисијата за здравство пратеничката на од ВМРО-ДПМНЕ, Весна Пемова, побара комисијата да се изјасни околу иницијативата на пратеникот Илија Димовски за организирање на јавна расправа околу локацијата за изградба на новиот клинички центар кој што Владата без никакви консултации со пратениците одлучи да се гради во Бардовци.

-Сигурно до вас има пратено еден допис од колегата Илија Димовски, на кој што се имаат приклучено и други пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Комисијата за здравство во однос на Предлог иницијатива за организирање на јавна расправа во врска со локацијата на изградба на нов Клинички центар. Сметам дека ова прашање е многу битно и дека на следната комисија за здравство како точка на дневен ред би требало да биде ставена бидејќи Владата има веќе донесено одлука клиничкиот центар да не се гради на предходно предложената локација туку да се гради на друга локација односно во Бардовци. Сметаме дека во Собранието на Република Македонија потребно е во Комисијата за здравство да се отвори една поширока дебата во однос на локацијата за изградба на клиничкиот центар и од тие причини бараме да биде организирана јавна расправа на која што ќе бидат поканети експерти од оваа област за да го слушнеме нивното мислење. Затоа барам да биде ставена на дневен ред и да се изјасниме за оваа иницијатива, рече Пемова.

Оваа иницијатива на пратеникот Илија Димовски доби поддршка на Комисијата за здравство и се одлучи да се организира јавна расправа на која што експерти од оваа област ќе ги дадат своите мислења за овој стратешки проект и неговата локација.

Најнови вести