Компанијата dm донираше два респиратори во вкупна вредност од 36.600 евра со цел да придонесе во борбата против коронавирусот, но и да ја подобри опремата за хронично болните пациенти кои се лечат во болниците во нашата земја.
Респираторите се донирани во Министерството за Здравство, кое согласно потребите на здравствените институции во нашата земја донацијата ја пренасочи кон ЈЗУ Општа болница во Кавадарци и ЈЗУ Клиничка болница во Битола.
На ниво на целата dm група донирани се вкупно 15 респиратори – анестезиолошки вентилатори Primus, со што, како што истакнуваат од најголемиот дрогериски ланец во Европа, dm продолжува да биде сојузник на заедницата на патот кон побезбедна и поздрава иднина.
„dm е познат кај широката јавност како компанија која е вистински заснована на принципите на друштвена одговорност. Паралелно со успешните резултати кои ги остваруваме од година во година, секојдневно вложуваме во заедницата во која делуваме. Тоа не е само наш гест на благодарност или обврска, туку одговорност, како дел од овој пазар да придонесеме кон подобрување на животот на луѓето во нашата земја. Во моменти, кога како општество, сме соочени со големи предизвици предизвикани од глобалната пандемија, неопходна е сечија солидарност, за да излеземе како победници од оваа битка. Се надеваме дека овие два респиратори – анестезиолишки вентилатори Primus од германскиот производител Dräger кои ги донираме, ќе бидат од помош во оваа борба со пандемијата, но и ќе помогнат при лечење на пациентите со хронични болести, на кои исто така не смееме да заборавиме” изјави Предраг Петровиќ, член на Управа за dm вo Србија и Македонија.
Компанијата dm дрогерие маркт неодамна одбележи 7 години успешно работење на нашиот пазар со остварен промет од речиси 1.1 милијарда МКД, што претставува раст од 16,5 отсто, додека на ниво на dm групата во Европа остварен е промет од 11,5 милијарди евра. Покрај успешните финансиски резултати, компанијата реализираше низа општествено одговорни активности со цел да придонесе кон унапредување на условите за работа во различни здравствени и образовни институции, како и да придонесе кон подобрување на квалитетот на животот на социјално загрозените категории во општеството.